Испораките на гас во Кина според склучениот договор меѓу Русија и Кина ќе бидат рентабилни за Русија, изјави на Петербуршкиот меѓународен економски форум Алексеј Уљукаев, министер за економски развој, а пренесува кореспондент на „Газета.ру“.
„Рентабилност со сигурно ќе имаме“, изјави тој, одговарајќи на прашање на новинарите.
Претходно беше соопштено дека „Гаспром“ и кинеската национална нафтена корпорација CNPC потпишаа договор за испорака на руски гас во Кина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.