Премиерот на Канада, Стивен Харпер, изјави дека неговата земја воведува нови санкции против шест граѓани на Русија, како и шест приврзаници на федерализацијата на Украина, се пренесува на интернет-страницата на премиерот.
„Денес објавуваме дека воведуваме санкции кон шестмина Руси и Украинци, бидејќи ситуацијата во Украина претставува сериозно нарушување на меѓународното право и безбедност“, појасни тој.
Под санкции се најдоа Валериј Герасимов, шеф на Генералштабот на Русија, командантот на вооружените сили на самопрогласената „Донецка народна република“, игор Гиркин, шефот на ДНР, Андреј Пургин и еден од нејзините лидери, Денис Пушилин, како и губернаторот на Севастопољ, рускиот министер за Крим, Олег Савелев, како и неколку други чиновници во Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче