„Луганската република“ може да спроведе референдум за приклучување во составот на Русија

Од Луганск доаѓаат вести за можен референдум, со кој народот на областа би се изјаснил за влегување во составот на Русија, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на Василиј Никитин, портпаролот на армијата на југоистокот.

„Посебно важните прашања треба да бидат ставени пред целиот народ на 'Народната луганска република'. Ако се дојде до такво решение, волјата на народот ќе биде остварена“, изјави Никитин.

Претходно стана познато дека 96,2% од жителите на Луганската област ја поддржале независноста на „Луганската народна република“. Освен тоа, „Луганската народна република“ планира да се обрати и до ООН за признавање на нејзината независност. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња