Лавров: Русија не се занимава со менување режими

Русија не се занимава со менување режими, ниту со организирање на „обоени револуции“, изјави Министерството за надворешни работи на РФ, Сергеј Лавров, пренесува ИТАР-ТАСС.

Русија не се занимава со менување режими, ниту со организирање на „обоени револуции“, изјави Министерството за надворешни работи на РФ, Сергеј Лавров, пренесува ИТАР-ТАСС.

„Немавме никакви намери нешто да организираме во Украина“, нагласи министерот и додаде: „Напротив, апелиравме сите да престанат да се мешаат во внатрешните работи на Украина“.

„Немаме што да криеме“, нагласи тој и продолжи: „Нашата војска се наоѓа на својата територија и се занимава со активности кои никој не ѝ ги забранува, кои не кршат никакви правни ниту морални принципи, и кои се вклопуваат во рамките на меѓународните договори“.

Лавров изрази надеж дека Русија и нејзините западни партнери ќе успеат да ги обединат напорите за да им помогнат на Украинците да започнат национален дијалог. „Сепак, практичните чекори мораат да ги направат самите Украинци“, нагласи министерот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња