Лавров: Воената операција на Киев води кон братоубиствени судири

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека казнената операција на југоистокот на Украина ја води земјата кон братоубиствен конфликт.

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека казнената операција на југоистокот на Украина ја води земјата кон братоубиствен конфликт, нагласувајќи дека шансите за деескалација на тензиите во земјата се мали, но постојат, соопшти МНР на Русија после телефонскиот разговор со рускиот министер и американскиот колега Џон Кери.

„Министерот ги повика Соединетите Американски Држави да го употребат своето влијание за да го натераат својот штитеник, киевскиот режим, кој објави војна на својот народ, веднаш да ги прекине борбените дејства во југоисточните региони на земјата и даги повлече трупите“, наведено е во соопштението на дипломатскиот ресор. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња