Претседателот на Русија, Владимир Путин и премиерот Дмитриј Медведев планираат на 9 мај да го посетат Крим, соопшти официјален претставник од Министерството за одбрана на Руската Федерација.
Пред заминувањето на полуостровот, шефот на државата, традиционално, ќе присуствува на Парадата на победата на Црвениот плоштад во Москва. После ова, по обичај, претседателот ќе организира прием по повод Денот на победата. Меѓутоа, овој пат приемот ќе биде одржан еден ден порано, на осми мај. Претседателот и премиерот на Русија прво ќе го посетат Севастопољ.
Оваа година градот слави седумдесет години од ослободувањето од фашистичките трупи. Путин и Медведев ќе присуствуваат на парадата, после која се планира посета на Симферопољ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.