„Ние сме против еднострани санкции кон Русија, бидејќи тие не можат да допринесат за решавање на проблемите“, изјави во средата за новинарите амбасадорот на Кина во Русија, Ли Хуи.
Официјалниот претставник на МНР на Кина ден претходно ги критикуваше едностраните санкции против Русија. Според неговите зборови, воведувањето на санкции против Русија само ги зголемува тензиите во конфликтот со Украина.
Во средината на март ЕУ, САД и неколку други земји воведоа санкции против Русија како одговор на референдумот во Крим. Првата листа санкции се однесуваше само на неколку лица во власта.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче