Рогозин: Санкциите против руската вселенска програма е „автогол“ за САД

Потпретседателот на владата на Русија, Дмитриј Рогозин, смета дека сите се веќе уморни од санкциите кои САД и понатаму ги воведува против Русија. Тој не може да верува дека Американците не сфаќаат дека истите ќе им се вратат како „бумеранг“.

На состанокот со новинарите во Симферопољ, потпретседателот на владата на Русија, Дмитриј Рогозин, истакна дека воведувајќи санкции против Русија, Американците ги „саботираат“ своите космонаути на Меѓународната вселенска станица, бидејќи ограничувањата автоматски се рефлектираат и на граѓаните на САД.

„Искрено, веќе досадија со санкциите, а самите не сфаќаат дека тие санкции ќе им се вратат како бумеранг“, ги пренесува „Интерфакс“ зборовите на Рогозин.

Меѓу другото, Рогозин зборуваше и за производството на ракети, бидејќи имено во таа област Американците се послаби, но и покрај тоа, се обидуваат да ѝ наштетат на истата. „Ако сакаат да нанесат удар на производството на ракети, тие автоматски им наштетуваат на своите космонаути на Меѓународната вселенска станица“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња