Јацењук ја обвинува Русија за изградба на нов „Берлински ѕид“

Арсениј Јацењук, кого Врховната Рада го назначи за премиер на Украина, смета дека Русија со своите дејства создава нов „Берлински ѕид“ во Украина, соопштува Франс Прес.

Арсениј Јацењук, кого Врховната Рада го назначи за премиер на Украина, смета дека Русија со своите дејства создава нов „Берлински ѕид“ во Украина, соопштува Франс Прес.

„Случувањата во Украина се закана за Европа и ЕУ. Веќе е јасно дека нашите руски соседи решија да изградат нов Берлински ѕид и да ја вратат епохата на студената војна“. подвлече премиерот.

Јацењук, исто така, ја обвини Русија за „извоз на тероризам“ во Украина за сметка на дејствата на вооружените сепаратисти.

„Владата на Русија треба веднаш да ги повлече своите разузнавачки групи и диверзанти, да ги осуди дејствата на терористите и да побара тие да ги ослободат зафатените административни згради“, изјави премиерот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.