Американскиот сенатор, републиканецот Џон Мекејн, во понеделникот допатува во Талин и даде изјава дека САД треба да ја вооружат Украина, јавува РИА „Новости“.
„Треба да ѝ дадеме на Украина оружје за да може да се одбрани. Сега гледаме дека Русија е опасност за својот сосед. Достојно за жалење е тоа што САД не ѝ даваат оружје на Украина“, изјави Мекејн во програмата на естонската телевизија.
Според неговите зборови, „Русија без Украина е обична земја, а со Украина е империја“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче