Русија сака да изврши влијание врз Украина без да ја окупира земјата, пишува The New York Times. Весникот пишува дека таквото мислење го делат политиколозите кои се приврзаници на Кремљ, како и дипломатите кои биле анкетирани во текот на минатата недела. Заострената ситуација на истокот на Украина создаде стравови дека Москва може да присоедини нови украински територии по Крим, но како и да е, вистинските цели на Кремљ се поинакви, се кажува во статијата.
Според зборовите на експертите, Русија дејствува во рамките на долгорочната стратегија, обидувајќи се да ја зачува Украина во зоната на своето економско и воено влијание. Доста аналитичари сметаат дека Киев нема само задача да избира меѓу Истокот и Западот: реалноста на руската власт е таква, што Украина треба внимателно да балансира, давајќи му на Кремљ доволно влијание, но притоа зачувувајќи ја сопствената независност, се кажува во статијата.
Во материјалот, исто така, се забележува дека повеќето експерти се сомневаат дека кризата во Украина ќе доведе до воен конфликт.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче