Украина донесе одлука да прекине со преземањето на гас од Русија, сѐ додека не се регулира прашањето за цената на горивото, изјави министерот за енергетика и рударство на Украина, Јуриј Продан, пренесува ИТАР-ТАСС.
Оваа одлука тој ја објасни преку фактот дека украинската страна не е задоволна од висината на цената на гасот која „Гаспром“ ја утврди на 1 април. Продан, притоа, додаде дека Украина ќе преговара со руската страна за враќање на старата цена, која важеше во првиот квартал во 2014 година.
Продан, исто така, истакна дека Украина сѐ уште не ја платила мартовската испорака од Русија.
„Уште не сме ги платиле сметките за месец март, бидејќи од наша страна испративме на 'Гаспром' предлози во врска со цената на гасот и обемот на испораки. За жал, досега не добивме позитивен одговор од 'Гаспром'“, изјави Продан.
„Ние сме подготвени да ги реализираме исплатите, подготвени сме да го направиме тоа, но дотогаш мора да се разјасни ситуацијата со цената“, додаде тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче