Властите на Велика Британија сметаат дека ситуацијата во Украина ги носи сите признаци на намера за дестабилизација на ситуацијата во државата од страна на Русија, пренесува Ројтерс.
Изјавата ја даде Вилјам Хејг во вторникот за време на настапот пред парламентот.
„Не може да постои никакво оправдување за случувањата кои носат признаци на стратегија на Русија за дестабилизација на ситуацијата во Украина“, забележа тој.
Според неговите зборови, таа стратегија е насочена кон уништување на довербата на Украинците кон властите во Киев во предворјето на претседателските избори во Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче