Не треба да се прекинат обидите за регулирање на ситуацијата околу Украина по дипломатски пат и методи, изјави канцеларката на Германија, Ангела Меркел во Берлин за време на заседанието на Демохристијанската унија, со кој таа претседава.
Според зборовите на Меркел, таа секојдневно презема акции за да се продолжи дијалогот со Русија. „Никој не сака да го изгуби континуитетот на преговорите со Москва“, нагласи канцеларката. Сепак, таа не исклучува економски санкции против Москва „доколку територијалниот суверенитет на Украина повторно биде загрозен“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче