Киев смета дека расте веројатноста од војна со Русија

Министерот за надворешни работи на Украина, Андреј Дешчица, смета дека во овој момент расте опасноста од војна меѓу Русија и Украина. Ова тој го изјави за американскиот ТВ канал "ABC News".

Министерот за надворешни работи на Украина, Андреј Дешчица, смета дека во овој момент расте опасноста од војна меѓу Русија и Украина. Ова тој го изјави за американскиот ТВ канал "ABC News".

„Не знаеме за што размислува претседателот на Русија и каква ќе биде неговата одлука. Опасноста од војна е поголема од минатата недела“, изјави Дешчица. Притоа, министерот изјави дека во случај Русија да нападне, Украинците ќе бидат подготвени за одбрана.

„Во случај руската војска да влезе во источниот региони на Украина, тешко ќе можеме да бараме од луѓето кои таму живеат да не одговорат на таквата воена агресија“, изјави Дешчица. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња