Во Врховната рада е регистриран нацрт закон за прекин на дипломатските односи со РФ

Нацрт закон за прекин на дипломатските односи со Русија, поништување на украинско-руските договори и барање за влез на Украина во ЕУ и НАТО беше регистриран на 17 март во секретаријатот на Врховната рада на Украина по иницијатива на пратеникот Олег Лашко, претставник на радикалите, пренесува ИТАР-ТАСС.

Тој документ содржи барање упатено до привремениот вршител на должноста претседател на Украина, „да се стават Вооружените сили во полна борбена готовност, да се прогласи општа мобилизација во Украина, како и да се формираат доброволни одреди“.

Се бара и САД и другите земји-членки на НАТО да ѝ пружат на Украина „максимална материјално-техничка помош и современа воена техника и вооружување“, а потоа и „прекин на дипломатските односи со Руската Федерација“, како и воведување визен режим. Се предлага и поништување на Договорот за статусот и условите за стационирање на Црноморската флота и Големиот договор за пријателство, соработка и партнерство.

Предложено е да се одреди цена за транзитот на рускиот гас преки територијата на Украина кон европските земји во висина од 500 долари за 1000 кубни метри, како и „транзитот на гасот да се прекине доколку РФ одбие да ја плати таа цена“.

На органите на редот им е препорачано преземање „остри мерки со цел да се спречат било какви сепаратистички акции“ на истокот на Украина. Предложено е украинските државјани кои учествуваат во „сепаратистичките митинзи“ да се изедначат со „соучесници на окупаторот“, да им се одземе украинското државјанство и да се повикаат на кривична одговорност.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.