Руските новинари не ги пуштаат на конференцијата за печатот на Обама и Јацењук

Москва изјави дека е неприфатливо и дискриминирачко одбивањето да се пуштат руските новинари на конференцијата за печатот на претседателот на САД, Барак Обама и привремениот шеф на украинската влада, Арсениј Јацењук.

„Изгледа дека во Вашингтон, каде многу сакаат да зборуваат за слободата на говорот и за правата на новинарите, не се подготвени да ги почитуваат тие принципи“, стои во изјавата на претставникот на МНР на Русија, Александар Лукашевич.

„Непријатните прашања кои не се дел од официјалното сценарио, на пример, за злосторствата на неонацистите од 'Десен сектор', поддржани од „владата“ на Арсениј Јацењук, во Белата куќа не сакаат да ги слушнат“, истакна дипломатот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња