Руската Федерација има право да ги заштити сонародниците во Украина

Киевската власт не ја контролира ситуацијата во земјата, и затоа Москва го зема правото да ги заштити сонародниците во Украина, изјавија во петокот од МНР на Русија по повод случувањата во Донецк на 13 март.

„Ние повеќе пати изјавуваме дека тие кои ја презедоа власта во Киев мораат да ги разоружат терористите, да ја осигурат безбедноста на населението и законското право на луѓето за протести. За жал, ништо од тоа...“, следува од соопштението, објавено на интернет-страницата на МНР на Русија.

Десничарските сили од другите краеви на земјата на 13 март во Донецк ги нападнаа мирните демонстранти, кои се против новите власти во Киев. Еден човек загина, а многумина беа повредени.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња