Русија подготви предлог за властите на САД за регулирање на политичката криза во Украина. Ова го изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, за време на средбата со Владимир Путин, а пренесува РИА Новости.
„Ние не добиваме пасивно предлози од нашите колеги, ние подготвивме предлози со помош на членовите на Советот за Безбедност“, изјави Лавров.
Според зборовите на шефот на министерството за надворешни работи на Русија, предлозите се „насочени кон регулирање на ситуацијата во рамките на меѓународното право, земајќи ги предвид интересите на сите Украинци“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче