Британски медиуми: Западните земји неосновано ја обвинуваат Русија за агресија во Украина

Западните земји, кои допринесоа за заострување на политичката криза во Украина, неосновано ја обвинуваат Русија за агресија, смета Шејмас Милн, аналитичар во британскиот неделник „The Guardian“.

Западните земји, кои допринесоа за заострување на политичката криза во Украина, неосновано ја обвинуваат Русија за агресија, смета Шејмас Милн, аналитичар во британскиот неделник „The Guardian“.

Според неговите зборови, обвинувањата дека Русија извршија „невидена агресија“ се целосно неосновани, бидејќи немало никакви воени судири, ниту крвопролевање, пишува "The Guardian".

Британскиот новинар напомнува дека самиот Запад ја создаде украинската криза и го примора Јанукович да го потпише договорот за асоцијација со ЕУ, заснова на принципот „сѐ или ништо“. Под притисок на Западот, од власт е симнат легално избраниот претседател. Наместо него, Западот на власт донесе неонацистичка влада, што е преседан во Европа после Втората светска војна.

Милн, исто така, наведува дека е апсурдно САД да ја обвинуваат Русија за кршење на меѓународното право „кога имено САД, Велика Британија и Франција беззаконието на меѓународно ниво го претворија во секојдневна рутина, па, соодветно, и другите земји се принудени да играат по нивни правила“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.