Русија ќе одговори на санкциите со конфискување на активите на компаниите од САД и ЕУ

САД и ЕУ се закануваат на Русија со санкции поради ситуацијата во Украина.

Советот на Федерацијата, горниот дом на рускиот парламент, работи врз нацрт-закон со кој се предвидува конфискување на имотот, активите и сметките на европските и американските компании, вклучувајќи ги и приватните, во случај да дојде до воведување на санкции кон Русија, пишува „Гласот на Русија“.

„Нацрт-законот предвидува пружање можност на претседателот и на владата да го заштитат нашиот суверенитет од повреди“, изјави авторот на документот, Андреј Клишас.

САД и ЕУ се закануваат на Русија со санкции поради ситуацијата во Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња