Кустурица ја повика Русија да ги заштити Русите во Украина

Режисерот Емир Кустурица смета дека Русија треба да ги заштити Русите кои живеат во Украина, пишува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на интервју со режисерот.

Режисерот Емир Кустурица смета дека Русија треба да ги заштити Русите кои живеат во Украина, пишува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на интервју со режисерот.

„За жал Украина сега оди по истиот пат како и Југославија што одеше некогаш. Мене ми е жал за тоа. Сега се случува истата катастрофа. Сметам дека Русија треба да ги заштити Русите кои живеат во Украина“, изјави Кустурица.

Режисерот го изјави ова во Самара за време на гостувањето со рок-групата The No Smoking Orchestra. Според зборовите на Кустурица, колективот планира наскоро да гостува во Украина како поддршка на населението кое зборува на руски јазик и „другите наши браќа“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња