Владината делегација од Велика Британија нема да појде на Параолимписките игри во Сочи, пренесува Би-би-си.
Соодветната изјава ја даде премиерот на Британија, Дејвид Камерон. Според неговите зборови, од страна на британските министри „би било неправилно“ да заминат на Параолимпијадата поради „сериозната ситуација“ во Украина.
Камерон додаде дека таквата гледна точка ја дели и министерот за надворешни работи на Велика Британија, Вилијам Хејг.
Решението да не се замине во Сочи е донесено после само еден ден откако Советот на Федерацијата ја одобри молбата на претседателот Владимир Путин да ја прати војската на територијата на Крим.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче