Медведев: Ситуацијата во Украина се заканува на интересите на Русија

Рускиот премиер Дмитриј Медведев ја нарече новонастанатата ситуација во Украина опасна за националните интереси на Русија. Агенцијата „Интерфакс“ пренесува дека премиерот е сериозно загрижен за животот и здравјето на своите вработени во Украина.

Медведев нагласи дека имено со тоа ја поврзува одлуката да се повика во Москва рускиот амбасадор Михаил Зурабов.

„Нашиот амбасадор во Украина е повика на консултации. Тоа значи дека не е јасно што се случува во таа земја. Постои опасност за нашите интереси, за животот и здравјето на нашите луѓе кои се наоѓаат во земјата“, изјави Медведев.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња