Русија планира да ја забрза испораката на оружје за борба против тероризмот во Ирак, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.
„Русија вети дека ќе испорача оружје што е можно побрзо, бидејќи и ирачката страна тоа го сака“, нагласи Лавров.
Договорот за испорака на воена опрема на ирачката војска во вредност од 4,2 милијарди долари е потпишан за време на посетата на претседателот на Ирак во Москва во 2012 година. Според договорот, Москва треба да му испорача на Багдад вкупно 40 хеликоптери Ми-28 и Ми-35, наменети за заштита на границите и борба со терористите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче