„Евромајдан“ не е граѓански протест, туку добро подготвена политичка операција, изјаци шефот на комитетот при Државната Дума на Руската Федерација за меѓународни работи, Алексеј Пушков.
„Тримесечниот граѓански протест, како што го претставуваат западните медиуми, не би опстанал доколку не е организиран и платен“. Пушков изјави дека во многу региони на Украина нема никакви симпатии кон Мајдан.
Вчера рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во телефонски разговор со својот германски колега, Франк Шејнмаер, им порача на европските партнери да ги искористат своите контакти со украинската опозиција и да ја убедат да соработува со раководството на земјата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче