Изградбата на морскиот дел од „Јужен тек“ во Бугарија ќе започне напролет

Пролетва во територијалните води на Бугарија ќе започне изградбата на морскиот дел од гасоводот „Јужен тек“, соопшти бугарскиот министер за економија, енергетика и туризам, Драгомир Стојнев.

Пролетва во територијалните води на Бугарија ќе започне изградбата на морскиот дел од гасоводот „Јужен тек“, соопшти бугарскиот министер за економија, енергетика и туризам, Драгомир Стојнев.

„Проектот 'Јужен тек' ќе обезбеди нови работни места, а дивидендите од транспортот на гасот ќе се добијат уште за време на првата година од експлоатацијата на гасоводот“, изјави Стојнев.

„Јужен тек“ е глобален инфраструктурен проект на руската енергетска компанија „Гаспром“, кој опфаќа изградба на гасовод во земјите од Јужна и Централна Европа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња