Јапонскиот премиер Шинзо Абе има намера да ги развива односите со Русија и да работи на решавањето на територијалниот спор, како и на потпишувањето на мировен договор, изјави Абе вчера во Токио, пред да замине во Сочи.
Абе изјави дека односите со Русија се перспективни и изрази надеж дека уште ќе јакнат после претстојната средба со претседателот Владимир Путин.
Јапонија има територијални претензии кон Курилските острови. Москва се придржува на ставот дека рускиот суверенитет над островите е правно потврден и дека не подлежат на повторно разгледување.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче