Русија е подготвена да биде посредник во решавањето на ситуацијата во Украина, а исто така да биде гаранција за договорот меѓу украинските власти и опозицијата, изјави Валентина Матвиенко, претседател на Советот на Федерацијата. Таа нагласи дека е неопходно државите да не се мешаат во внатрешните работи на Украина.
„Најголемо кршење на суверенитетот на Украина е тоа што политичарите на сите западни земји практично ја окупираа Украина“, изјави Матвиенко. Таа додаде дека претставници од западните земји, спротивно на сите меѓународни конвенции, недолично се однесуваат и се чувствуваат како „домаќини во Украина“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче