Во петокот во московскиот Дом на фудбалот потпишан е договор помеѓу Рускиот фудбалски сојуз и главниот тренер на руската репрезентација Фабио Капело, пренесува Lenta.ru.
Новиот договор важи до завршувањето на Светското првенство 2018, известуваат на страниците на Рускиот фудбалски сојуз.
По потпишувањето на договорот, Капело изјави дека е задоволен од она што се случило. „Благодарен сум на претседателот на Рускиот фудбалски сојуз и министерот за спорт на Руската Федерација за укажаната доверба“, изјави италијанскиот стручњак. „Многу ми е мило што можам да продолжам со работата во Русија. Имаме големи планови, и ќе направам се што можам за руските навивачи да бидат среќни!“.
Претседателот на Рускиот фудбалски сојуз Николај Толстих изразил задоволство поради потпишувањето на договорот и ја појасни неговата содржина. „Задоволни сме што така високо квалификуван тренер, како што е Фабио Капело, ќе ја продолжи работата во рускиот фудбал“, рекол Толстих. „Потпишаниот документ предвидува дека Капело ќе ги предводи институциите на руските фудбалски репрезентации, а во штабот на националната репрезентација ќе му помагаат руски стручњаци“.
Капело е надалеку познат како одличен тренер, еден од најдобрите на сите времиња, а со неговото име се поврзува и успешна играчка кариера.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче