Силуанов: Русија е подготвена да купи уште една транша еврооблигации од Украина

Русија е подготвена да ја купи следната транша еврооблигации од Украина за 2 милијарди долари, пренесува РИА Новости. Ова го изјави министерот за финансии на Русија, Антон Силуанов, коментирајќи ја изјавата на првиот заменик министер за финансии на Украина, Анатолиј Марковски.

„Ние ќе купиме уште една транша од еврооблигациите од Украина“, изјави Силуанов. Марковски претгодно изјави дека оваа транша ќе биде продадена со истите услови како и првата.

Русија потпиша со Украина договор, според кој во 2013 и 2014 година ќе купи еврообврзници во вредност од 15 милијарди долари. Првата транша во вредност од 3 милијарди долари со 5% камата веќе е купена од страна на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.