Северодвинското бродоградилиште „Севмаш“ во 2014 година ќе започне со изградба на две нови стратешки нуклеарни подморници од проектот 955А „Бореј“. Предвидено е изградбата да започне на Денот на морнарите (19 март) и на Денот на руската морнарица (последната недела од јули).
Какви имиња ќе носат новите подморници не е наведено, но познато е дека ќе се продолжи со традицијата за давање на имиња според руските кнезови.
Од 2011 до 2020 година предвидена е изградба на 8 подморници од овој тип.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче