Иницијативата на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин за можното укинување на визите за Грузија ќе биде разгледана кон крајот на февруари во Прага со специјалниот претставник на премиерот на Грузија за односи со Русија, Зураб Абашидзе. Ова го изјави Абашиудзе за РИА Новости.
Во декември минатата година Путин изјави дека Москва би можела да го врати безвизниот режим со Груција, но тоа прашање треба да се разгледа на ниво на експерти.
„Планираме преговорите да ги одржиме кон крајот на февруари. Точниот датум наскоро ќе го усогласиме. Што се однесува до укинување на визите, ние за тоа не зборувавме досега, но руската страна е согласна да се поедностави визниот режим за граѓаните на Грузија. Ако руската страна, пак, се согласи за целосно укинување на визите, тоа доста позитивно ќе влијае во развојот на меѓусебните врски“, изјави тој.
Русија воведе визен режим со Грузија во декември 2000 година.
Дипломатските односи меѓу двете земји беа прекинати во август 2008 година веднаш после краткиот вооружен конфликт меѓу двете земји.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче