Министерот за финансии на Русија, Антон Силуанов изјави дека руската власт може да пружи финансиска помош на Украина и на друг начин, а не само со вложување средства од Фондот за национална благосостојба во украинските хартии од вредност, соопштува РИА Новости.
Според зборовите на министерот, на ред се преговори кои се однесуваат на претстојните инвестиции во украинските хартии од вредност.
„Ќе ги одредиме роковите, а ќе ги разгледаме и останатите инструменти кои можат да бидат употребени за поддршка на буџетот и украинскиот пазар. Имаме и други предлози кои не се поврзани со Фондот за национална благосостојба“, истакна Силуанов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче