Канцеларката на Германија, Ангела Меркел изјави дека Украина не е ограничена временски да го потпише договорот за асоцијација и слободна трговија со Европа, но не може да учествува истовремено во две царински унии. Ова го пренесува украинската агенција УНИАН.
Оваа изјава Меркел ја даде за време на конференцијата за печатот после самитот на ЕУ во Брисел.
На прашањето дали противречи можното присоединување на Украина кон Царинската унија, Меркел одговори дека Украина не може да потпише договор со државите од Царинската унија, додека во исто време сака да создаде зона за слободна трговија со ЕУ.
„Вратата е отворена. нема никаков датум. Ние сакаме да го потпишеме договорот за асоцијација, Европа е подготвена за тоа. Сега решението останува на Украина“, додаде Меркел.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче