Дефицитот на рускиот буџет во 2013 ќе изнесува 0,5% од БДП

Дефицитот на федералниот буџет во Русија во 2013 година ќе изнесува 0,5% од БДП. Ова го изјави претседателот Владимир Путин.

Дефицитот на федералниот буџет во Русија во 2013 година ќе изнесува 0,5% од БДП. Ова го изјави претседателот Владимир Путин.

„Годинава ќе имаме дефицит на буџетот во големина од 0,5% од БДП, а во минатата година имавме 0% дефицит“, изјави претседателот. Оваа стабилност ѝ дава шанси на Русија да го задржи потребното и очекувано ниво на резерви, додавајќи дополнителни средства од високата цена на нафтата.

Создавањето на вакви резерви дозволува да се одржува стабилната социјална политика и да се извршуваат обврските кои се преземени од Владата и Претседателот.

„Во Европа има друга ситуација: тие се принудени, особено во проблематичните држави, нагло да ги намалуваат социјалните трошоци и програми, додека ние можеме да си дозволиме поудобно да го планираме тој сектор, па дури и да користиме средства за развој“, додаде Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња