Пратеник од Либерално-демократската партија на Русија предлага да се тргне мораториумот за смртна казна

Пратеникот Роман Худјаков од Либерално-демократската партија на Русија предлага да се тргне мораториумот за смртна казна во Руската Федерација, како и нејзина примена не само на мажи, туку и на жени.

Пратеникот Роман Худјаков од Либерално-демократската партија на Русија предлага да се тргне мораториумот за смртна казна во Руската Федерација, како и нејзина примена не само на мажи, туку и на жени.

Во Русија е воведен мораториум на извршувањето смртна казна. Притоа, Казнениот кодекс на Русија предвидува можност за извршување смртна казна, но само за мажите.

Пратеникот забележува дека треба соодветна казна за посебно тешките нарушувања како што се педофилијата, намамувањето на малолетниците да користат дрога, убиство и тероризам. Според мислењето на Худјаков, лицата што извршиле такви престапи не може да се поправат.

„Нашиот правосуден систем предвидува премногу меки казни за нив. Зар е правично терористот кој ѕверски ќе убие десетина лица да остане жив?“, изјави пратеникот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.