Наместо РИА „Новости“ ќе се создаде Меѓународна информативна агенција „Русија денес“

Владимир Путин потпиша указ за реорганизација на агенцијата РИА „Новости“, пренесуваат најголемите информативни агенции во Русија, повикувајќи се на конференцијата за печатот во Кремљ.

Владимир Путин потпиша указ за реорганизација на агенцијата РИА „Новости“, пренесуваат најголемите информативни агенции во Русија, повикувајќи се на конференцијата за печатот во Кремљ.

На местото на РИА „Новости“ ќе биде создадена Меѓународната информативна агенција „Русија денес“, која ќе ја предводи познатиот телевизиски водител Дмитриј Кисељов. Во составот на новата агенција ќе се најде и државната радио-станица „Гласот на Русија“.

„Главната дејност на федералната државна Меѓународна информативна агенција „Русија денес“ ќе биде известување за државната политика на Руската Федерација и за општествениот живот во Руската Федерација во странство“, се наведува во указот на претседателот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.