Можна е забрана за посвојување руски деца од сите странци

Пратениците од Кемеровската област на Државната Дума предадоа нацрт закон со кој се предвидува забрана за посвојување на руски деца за сите странци, исклучувајќи ги само роднините на децата, соопштено е во кабинетот на долниот дом на парламентот.

Амандманите за Семејниот законик предвидуваат забрана за посвојување деца од странци и апатриди, освен во случаи кога посвојувачите се роднини, без разлика на нивното државјанство или место на живеење.

Кемеровските пратеници се повикуваат на податоци од социолошките истражувања на Серискиот центар за проучување на јавното мислење, според кој сѐ повеќе граѓани на Русија ја поддржуваат забраната за посвојување руски деца од странски државјани (64%). 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња