Војската на Русија до крајот на годината ќе добијат уште еден полк С-400 и 18 „Панцир-С“

Војските на воздушно-космичката одбрана на Русија до крајот на 2013 година ќе добијат 18 зенитно-ракетни комплекси „Панцир-С“, еден полк од зенитно-ракетниот систем С-400 и неколку радиолокациски комплекси, изјави за РИА Новости командантот на ВВК, Александар Головко.

Во моментов во составот на ВВК се наоѓаат зенитни ракетни системи со среден радиус на дејство С-300ПМ, перспективните ракетни системи со голем и среден радиус на дејство С-400 „Триумф“, „Панцир-С“, радиолокациските станици „Гамма“ и „Небо-СВУ“.

Како што изјави за новинарите претставник од Министерството за одбрана, на 27 ноември шест апарати „Панцир-С“ (од 18) веќе станаа дел од вооружувањето на Армијата и започнаа со воените вежби на полигонот „Ашулук“ во Атрахањската област. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња