Прашањето за стапување на Украина во Царинската унија воопшто не се разгледува од страна на украинската влада, изјави министерот на Украина за енергетика, Едуард Ставицки за време на средбата со студентите.
Владата на Украина минатата недела реши да ја запре подготовката за потпишување на договорот за асоцијација со Европската унија. Кабинетот на министри на Русија е мотивиран за ова поради потребата од развој на економските односи со Русија и ЗНД.
„Прашањето за членство на Украина во Царинската унија воопшто не е разгледувано од страна на украинската влада. Како што рече шефот на државата, ние имаме еден стратешки вектор - а тоа е евроинтеграцискиот вектор. Тоа е актуелно прашање полно со ризици. За жал, тие постојат“, изјави Ставицки.
Според зборовите на Ставицки, Украина ќе треба да реши сложени задачи поврзани со модернизацијата на државниот економски строј и приватниот сектор на економијата. Успешноста на тие процеси бара значителни средства. Затоа раководството на државата треба јасно да определи какви компензациони можности може да добие Украина од европските партнери за да не си дозволи нови „шок“ ситуации во економијата и пад на социјалните стандарди.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче