Изградбата на космодромот „Восточни“ во Амурската област ќе доведе до поместување на ракетно-космичката индустрија на исток, изјави на форумот „Технопром“ заменикот-претседател на владата, Дмитриј Рогозин.
„Ќе ви кажам дека ние подготвуваме план од широки размери за Далечниот Исток, недалеку од кинеската граница. Следната година треба да заврши работата околу првата етапа од изградбата на космодромот, како и на другите придружни објекти. Тоа ќе доведе до поместување на ракетно-космичката индустрија на исток. Нема што да прави таквата индустрија во европскиот дел“, изјави Рогозин.
Тој додаде дека откако ќе бидат изградени сите објекти во новиот космодром, Русија ќе добие можност да ги лансира сите видови вселенски товари.
Изградбата на новиот руски космодром започна во Амурската област после указот на претседателот на Русија во 2007 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче