Испораките на руски воени и транспортни хеликоптери во странство во 2013 година се поголеми за 20% во споредба со 2012 година. Вкупно се извезени 130 единици, извести за РИА Новости Михаил Завалиј, шеф на делегацијата на „Рособоронекспорт“, кој се наоѓа на 13-та меѓународна изложба Dubai Airshow.
„Само во оваа година испораките на хеликоптери се зголемени за 20%. Самите споредете – во 2001 година сме продале само 12 хеликоптери, а годинава – повеќе од 130“, изјави Завалиј.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче