Русија и Франција сакаат заедно да ја усовршат воената опрема „војник на иднината: Војник +“, известува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на извор во францускиот воено-индустриски комплекс.
Според прелиминарните информации, заедничката програма за усовршување може да започне од средината на 2014 година. Извор во агенцијата истакна дека не се водат официјални преговори меѓу владите и министерствата за одбрана на двете држави; претпријатијата од Франција и Русија ќе соработуваат околу проектот самостојно.
Освен тоа, страните во моментов водат преговори за спроведување на компаративни истражувања на руската опрема „Војник“, кој ќе започне да се користи во руската армија од 2014 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче