Околу четири милиони странци работат во Русија нелегално, смета рускиот министер за труд и социјална заштита, Максим Топилин.
„Сметам дека 5-6 милиони (странски работници) веќе работат во Русија, од кои само два милиона легално, а останатите – нелегално“, изјави Топилин за радиостаницата „Ехото на Москва“.
Темата околу нелегалните емигранти во Русија зеде замав после убиството кое се случи неодамна во еден од московските реони. Убиецот е граѓанин на Азербејџан.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче