Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев ѝ предложи на Украина да бара пари за плаќање на својот долг за гас од Европската унија, и предупреди дека Киев треба да биде подготвен за повторно разгледување на финансиските односи со Москва. Според оценките на агенцијата за рејтинг S&P, Украина влегува во редот на држави каде е можен дефолт во следниве пет години. Без руските кредити државата тешко дека ќе може да го избегне дефолтот.
„Нека не ни се обраќаат повеќе за кредити“, изјави премиерот на Русија за Ројтерс. „На крај краишта, ако имаат толку добри односи со ЕУ, нека ги кредитира Брисел. Мене ми се чини дека тоа е сосема нормално и дека не постои никаква љубомора“.
Медведев повторно предупреди дека ако Украина не си го плати долго за гас (околу 900 милиони долари), испораките на гас од „Гаспром“ ќе преминат на „при-пејд“ шема, односно првин плаќање, а потоа испорака.
„Ние знаеме дека тие имаат економски проблеми, но сепак, мора ад се плати. Ние им дававме и кредити, и им го финансиравме транзитот, им плаќавме милијарди долари“, додаде Медведев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче