Кисинџер: Стабилните односи меѓу РФ и САД се залог за мирот во светот

Шефот на кабинетот на претседателот на Русија, Сергеј Иванов, денес разговараше за развојот на руско-американските односи со поранешниот државен секретар на САД, Хенри Кисинџер, кој допатува во посета на Русија.

„Руско-американските односи се развиваат нерамномерно, но последната средба меѓу претседателот на Русија и претседателот на САД на маргините на самитот Г-20 во Санкт Петербург покажа дека ако на проблемите се гледа конструктивно, тогаш може да се најде компромис“, изјави Иванов.

Кисинџер од своја страна истакна дека Русија има важна улога во светските процеси. „Стабилните односи меѓу Русија и САД се залог за мирот во целиот свет“, изјави тој. Поранешниот државен секретар исто така истакна дека директните преговори меѓу лидерите на двете земји се „добар преседан.“

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња