Романот на Јозеф Гебелс „Михаел. Дневник на германската судбина“ од серијата „Прозата на великаните“, издаден од московското издаваштво „алгоритам“, е прогласен за екстремистички и е забранет за понатамошна дистрибуција на територијата на Русија.
До неодамна книгата на Гебелс се продаваше во една од московските книжарници. Тоа било откриено за време на проверката на Обвинителството во врска со издавањето на книги од претставници на идеолозите на фашизмот, пренесува ИТАР-ТАСС.
Овој роман е единствениот напишан роман на Гебелс. Тој го завршил во 1923 година, уште пред авторот да ги зазеде високите партиски и државнички места во Третиот Рајх.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче