Руската државна корпорација „Ростех“ ќе започне со производство на беспилотно летало, пренесува Интерфакс, повикувајќи се на зборовите на Алексеј Фјодоров, директор за авионски проекти во корпорацијата.
„Се планира во ’Ростех’ да се сконцентрираме на разработката на беспилотни летала за воздушно разузнавање“, изјави тој.
Според неговите зборови, корпорацијата ќе започне со создавање на беспилотни летала „од мала и средна класа“.
Со нивното проектирање ќе се занимава ново конструкторско биро кое ќе биде организирано во рамките на државната копорација.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче