Лидерот на комунистите во Русија: За повикување за поделба на Русија треба да се воведе затворска казна

Вербалните повикувања за поделба на Русија треба да се казнуваат со затвор. Ваква изјава даде лидерот на Комунистичката партија на Руската Федерација, Генадиј Зјуганов.

Вербалните повикувања за поделба на Русија треба да се казнуваат со затвор. Ваква изјава даде лидерот на Комунистичката партија на Руската Федерација, Генадиј Зјуганов.

„Нашите депутати мораат да изнесат предлог дури и вербалните повици за разделување на Русија да се казнуваат со затворска казна“, рече политичарот.

Зјуганов смета дека граѓаните на Русија ќе го поддржат овој предлог бидејќи апсолутното мнозинство смета дека територијалната целовитост на Русија мора да се брани по секоја цена. Ваквото мислење го застапуваат 93% од учесниците во анкетата која ја спроведе фондот „Јавно мислење“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.